| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.02.2018

Вардар се засилува: Харуна и Битанг чекаат промоција

Денеска или утре, двајцата ќе треба да се приклучат на Вардарци во Анталија, а од нивната подготвеност ќе зависи дали ќе играат на двата натпревари викендов

Лукман Харуна и Кларенс Битанг ќе бидат двете нови имиња во таборот на Вардар пред финишот од преодниот рок. Станува збор за нигеријски и за камерунски интернационалци кои што ќе го засилат таборот на нашиот првак, а двајцата играат на позициите играчи за врска.

Харуна и Битанг денеска или евентуално утре ќе пристигнат во таоборот на првакот, а од нивната подготвеност ќе зависи дали ќе им биде дадена шанса на натпреварите против Словачко и против Дукла Прага кои ќе се играат овој викенд.

Двајцата ќе дојдат и ќе бидат наскоро и промовирани како нови засилувања, ако се биде во ред со нив и ако ги минат лекарските прегледи.

Харуна има солидна биографија, и бил дел во Динамо Киев, иако ретко има играно за киевскиот гигант, туку бил испраќан на позајмица. Последен клуб му е Астана. Битанг, пак, во минатото бил дел од неколку грчки клубови, главно од пониските лиги, а последните шест месеци играл во родниот Камерун.



Датум: 02.02.2018, 12:17
Статијата е прочитана 1984 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense