| контакт | маркетинг
КОШАРКА

18.03.2017

МЗТ Скопје се намачи со Кожув

МЗТ Скопје стигна до триумф во Гевгелија од 77:71 над Кожув во меч од кошаркарската Суперлига за да обезбеди две победи во два меча

Во „недостаток" на Мијовиќ, кој ја продолжи својата „кошгетерска криза" и на овој меч (во првото полувреме за скоро 18. минути остана без поени), неговиот "дел" го пополни Журасовиќ (со десет поени. Заедно со стандардно ефикасниот Мек Нил (стрелец на 13. поени) го држеа Кожув во резултатска предност низ целото прво полувреме, кое на крајот и го добија со (41:38).
„Трилингот" Лалиќ-Дреновац-Темс реализираше 59 од крајните 77 поени за гостите од Скопје. Слична беше „распределбата" на поените и во домашниот тим во кој Мек Нил даде 19, Ѓурасовиќ сопре на 16, а Димчевски дополни со 13. поени.



Датум: 18.03.2017, 21:26
Статијата е прочитана 637 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense