| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.03.2017

Македонија со минимална победа над Црна Гора



Нашата репрезентација до 18 години ги победи своите врсници од Црна Гора со 1:0, а стрелец на голот беше Колевски во 9. минута

Репрезентацијата на Македонија до 18 години ги победи своите врсници од Црна Гора со 1:0. Уште во раниот дел од средбата, односно во 9. минута нашата селекција преку Бојан Колевски го постигна единствениот гол кој се испостави дека е доволен за победа. Истиот фудбалер имаше уште неколку шанси да го зголеми нашето водство, но, не успеа по втор пат да ја затресе противничката мрежа.
Црногорците во вториот дел беа поконкретни и постигнаа гол кој подоцна беше поништен поради офсајд.
Втората пријателска средба меѓу овие две селекции ќе се игра в четврток од 11 часот.



Датум: 07.03.2017, 16:56
Статијата е прочитана 2102 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense