| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.10.2017


Шкендија преку пенали во 1/4 финалето

 

*Во пенал серијата Работнички не успеа три удари од белата точка да претвори во гол и затоа е елиминиран. Драма и во Струга каде Ренова во 95. минута постигна гол за пласман понатаму

 


Попладнево се играа шест реванш мечеви од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Најинтересно беше во Тетово каде Шкендија имаше повеќе среќа и знаење во пенал серијата на мечот со Работнички и успеа да се пласира во 1/4 финалето. Во регуларниот дел од средбата резултатот беше 1:1, за да во пенал серијата Херера, Митрев и Тодоров не успеаја да погодат и затоа тетовци одат понатаму.
Драма имаше и во Струга каде Ренова со гол во 95. минута израмни на 2:2 и успеа да се пласира во 1/4 финалето. Второлигашот од Струга беше многу блиску до сензација. Академија Пандев го торпедираше Силекс со 5:0, Пелистер, Скопје и Победа немаа никакви проблеми на денешните реванш средби од Купот на Македонија.

РЕЗУЛТАТИ 1/8 ФИНАЛЕ - РЕВАНШИ
ШКЕНДИЈА - Работнички 1:1 (3:2 пенали)
А. ПАНДЕВ - Силекс 5:0
Еуромилк - СКОПЈЕ 0:3
ПОБЕДА - Брегалница 5:2
Борец - ПЕЛИСТЕР 1:3
Струга Трим Лум - РЕНОВА 2:2
Вчера,
ТЕТЕКС - Кожуф 3:2
ВАРДАР - ШКУПИ (29.11.2017)
*Со големи букви се екипите кои се пласираа во 1/4 финалето



Датум: 18.10.2017, 16:47
Статијата е прочитана 642 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense