| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.05.2017

Шампионска прослава во Ѓорче

Вардар, како старо-нов првак, го добива пехарот. Се подготвува шампионско славење во Ѓорче, стадионот на кој Вардар веќе ја има прославувано титулата, и тоа во сезоната 2011-2012

Денеска, од страна на Фудбалската федерација на Македонија, Вардар и официјално ќе биде промовиран во нов шампион, односно во старо-нов ако се знае дека тој вкупно по 11. пат или трет пат во серија е првак на државата. Прославата ќе биде во Ѓорче, на стадионот на Македонија ЃП. Тоа е така поради фактот што се чува теренот на „Телеком арената“ поради настапот на нашата репрезентација против Турција и Шпанија, а и поради меганастанот на 8 август, поради УЕФА-суперкупот.
Шампионската чета на стратегот Гоце Седлоски се среќава со Силекс и се разбира дека ќе сака со триумф да ѝ стави крај на оваа спектакуларна првенствена сезона за неа.
Денеска, исто така, се играат и останатите мечеви од последното 36. коло. На сите пет средби, па и на онаа во Ѓорче, ништо не се решава. Се знаат екипите што ќе играат во Европа, тоа се Вардар како првак, Шкендија, Работнички и Пелистер. Шкупи ќе игра бараж за опстанок, а Брегалница и Македонија ЃП одамна испаднаа. Па затоа се очекуваат ревијални натпревари, на кои, веројатно, ќе има доста голови, како што беше, впрочем, и во минатото, кога беа постигнати 25 погодоци или, во просек, по 5 на секој меч посебно.

ПРВА ЛИГА
ПОСЛЕДНО КОЛО 36. КОЛО (16:30 ч.)

Брегалница - Работнички
Победа - Ренова
Шкендија - Пелистер
Шкупи - Македонија ЃП
Вардар - Силекс



Датум: 31.05.2017, 16:13
Статијата е прочитана 205 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense