| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.03.2017

Пандев го „брка“ Шуми

Доколку игра со Лихтенштајн, што е голема веројатност, тогаш Горан Пандев ќе го стигне Величе Шумуликоски на втората позиција на листата со најмногу настапи.

Пандев во моментов има 83 настапи, или еден помалку од Шумуликоски, кој одамна не е во селекцијата. Тоа значи дека доколку добие шанса и на „тестот“ со Белорусија, тогаш Пандев ќе избие на второто место на листата на играчи со најмногу настапи на Македонија. Прв, како што е познато, Гоце Седлоски, кој што има 100 мечеви во дресот со државниот грб.
За Пандев ова се последни квалификации како репрезентативец, со што потоа планира да стави крај на својата кариера со Македонија иако паузираше еден квалификациски циклус, но во овој повторно се врати во македонскиот дрес.



Датум: 23.03.2017, 10:22
Статијата е прочитана 2520 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense