| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.06.2017

Шкендија и со Интер Запрешиќ одигра 1:1



Момците на Ќатип Османи поведоа со голот на Ибраими во 54.минута, но прволигашот од Хрватска израмни во 84.минута

Втора пријателска средба на Шкендија во текот на овие подготовки и второ реми со ист резултат 1:1, овојпат против Интер Запрешиќ. Шкендија на попладневниот меч одигран во Словенија, поведе со голот на Бесарт Ибраими во 54.минута, откако претходно напаѓачот на тетовци сам се избори за добра позиција. Сепак противникот успеа да израмни, откако Османи го смени речиси целиот стартен состав, во 84.минути за конечни 1:1. Последниот тест во Словенија екипата на Шкендија ќе го има на 20 јуни и тоа против Марибор.

 



Датум: 17.06.2017, 19:27
Статијата е прочитана 1896 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense