| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2018

Победа тргнува со нови сили

Нови раководни структури во Прилеп кој ветуваат подобри денови за клубот

Прилепска Победа добива нови раководни структури. По смената на Гоце Ингилизов, за нов в.д. Извршен директор-претседател е поставена Ирена Јакимоска. За нов спортски директор е поставен екс македонскиот репрезентативец и тренер на повеќе македонски клубови, Јане Николоски. Сепак, на вчерашната прес конференција на која присуствуваа горенаведените, беше и Небојша Стојковиќ некогашниот фудбалер на Победа кој во иднина и ќе ја извршува функцијата претседател.
Ми претставува особена чест и задоволство што после долго време се враќам во својот матичен клуб, со една функција која побарува огромна работа и огромно пожртвување. Мислам дека со моето искуство како фудбалер можам многу да помогнам на оваа функција. Победа е клуб со традиција, клуб кој заслужува да бидe многу подобро пласиран од она кај што е сега моментално.“ - изјави Јане Николоски.

Стојковиќ: Бизнис секторот во Прилеп е многу битен

„Сакам да нагласам дека бизнис секторот во Прилеп, како што се ,,Комфи Ангел,,, ,,Прилепска пивара,,, ,,Кабелнет,,, ,,Жито Прилеп,,, ,,Витаминка,, и ,,Мермерен комбинат,, се од голема важност за прилепскиот фудбал. Без нивната поддршка фудбал во Прилеп можеби и нема да постои. Што се однесува до моменталната состојба во клубот, мислам дека сме малку хендикепирани со тоа што неколку играчи ни заминаа од клубот. Меѓутоа водиме преговори со 4 нови играчи, со кои сметам дека ќе бидеме конкуренти со некаде 80% од екипите во Македонија“.



Датум: 25.01.2018, 11:08
Статијата е прочитана 884 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense