| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.01.2017

По Пелистер следат Победа и Шкупи

Фудбалерите на Новаци се подготвуваат за влез во елитата. Денеска ремизираа со Пелистер без голови а следат дуели во Охрид и со Победа (25.01) и Шкупи (30.01)

Опасно се подготвува Новаци за пролетниот дел од шампионатот. Второлигашот од Пелагонија најавува историски подвиг и пласман во елитното друштво за наредната сезона. Тимот е на бод до втората позиција која води во Првата лига и затоа сите во клубот се максимално ангажирани. Се доведа квалитетни и искусни играчи а формата се „темпира“ и преку силни тестови и тоа со екипи од нашата елита.
Денеска Новаци одигра 0:0 со Пелистер. Но тоа не е се. Веќе во среда на 25 јануари исто така во Охрид следува контролен меч со Победа а потоа следи и дуелот со Шкупи кој ќе се игра во понеледник на 30 јануари исто така на стадионот „Биљанини извори“.

 



Датум: 23.01.2017, 18:03
Статијата е прочитана 2706 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense