| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.03.2017

Ангеловски: Има причини за задоволство

„Кога ќе играш добро и кога ќе победиш секако дека мора да се биде задоволен. Се она што се договоривме репрезентативците го исполнија“ исткакна селекторот по натпреварот. Вториот Игор, оној селекторот на Белорусија, изјави дека Македонија ги искористила „киксовите“ на неговите избраници

По неколку порази по ред дојдоа на ред и победите. По триумфот над Лихтенштајн, совладана е и Белорусија во пријателскиот меч со 3:0.
И затоа со право селекторот Игор Ангеловски беше задоволен...
„Кога ќе играш добро а притоа и победип убедливо секако дека мора да се биде задоволен. Се она што се договоривме моите избраници го исполнија. Но ништо не сме направиле, нема потреба од еуфорија, одиме напред, не очекуваат нови предвизвици. Јас им честитан на момците зошто доминираа но и дека победија. Иако на ФИФА ранкингот ние и Белорусија сме разлика од 100 места тоа не се виде на теренот, како улогите да беа променети, Среќен сум за Чурлинов но жалам дека не постигна гол. Ја променивме формацијата од 3-5-2 на 3-4-1-2  а потоа и во 4-4-2, и се покажа како успешно“ посочи Ангеловски.
За разлика од него селекторот на Белорусија Игор Криушенко немаше причина за задоволство...
„Задоволен сум од играта само во првите 30 минути, потоа му дозволивме на противникот да доминира и да поведе на крајот од првиот дел. Имавме шанси но не ги искористивме, а Македонија тоа го искористи и постигна два гола. Ни преостанува многу работа“.



Датум: 28.03.2017, 20:17
Статијата е прочитана 2024 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense