| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.07.2017

Ефремов заврши со Фамаликао

Голманот замина од Португалија, и летово ќе има нов клуб

Повремениот македонски репрезентативен голман, Андреја Ефремов, повеќе не е дел од португалскиот второлигаш Фамаликао. Ова ни го потврди и самиот голман кој во моментов е на одмор во Македонија.
„Точно е. Завршив со клубот од Португалија. Имав едногодишен договор, со опција за продолжување но тоа нема да се случи. Сега сум во Македонија ги разгледувам опциите кои ми се на располагање, и наскоро ќе одлучам што и како понатаму“ - вели Ефремов.

ЛОКО ПЛОВДИВ КАКО ОПЦИЈА

„Она што во мометов можам да го потврдам е дека имав контакти со екипата на Локомотив Пловдив, но тие бараа веднаш да се одлучам. Сепак, јас се одлучив да почекан, преодниот рок сеуште трае, и ќе видиме. Секако, првенствено ми е да заминам повторно во странство“ - додава Ефремов.


 



Датум: 16.07.2017, 14:23
Статијата е прочитана 1091 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense