| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.07.2017

ЕКСИГРАЧ НА ЛАЦИО ДОАЃА Во Работнички

Амир Биљали, поранешниот играч на Лацио и албански младински репрезентативец е пред потпис со „романтичарите“

Ек младинскиот репрезентативец на Албанија Амир Биљали доаѓа во Работнички. Денеска веќе ќе се приклучи на тренинзите, и најверојатно ќе потпише договор 1+1 година. Амир Биљали е момчето кое ја мина младинската школа на италијанскиот гигант Лацио и е родено во Гостивар, а покрај италијанскиот фудбал уште беше дел и од екипите на Целје во Словенија и албанскиот Билш Балш. Токму овој клуб е последната дестинација на Биљали, кој во моментов има 23. години. Се работи за робусно момче кое игра со левата нога и кое на Работнички може многу да му помогне следната сезона.  Трансферот ќе биде реализиран преку менаџерите Харис Факиќ и Шкумбиљ Ќормемети кои имаат тесни релации со Работнички како клуб, а преку нив во Дебар Маало своевремено секако пристигнаа и браќата Сахити.

 



Датум: 03.07.2017, 14:15
Статијата е прочитана 5054 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense