| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.12.2017

ВО ШТИП СЕ ВРАЌААТ МИТРОВ, ИЛИЕВ, ВЕЛКОВСКИ...

Брегалница сака да го склопи некогашниот тим од „свои деца“ за напролет да биде уште посилна

Комплетирано  е раководството на Брегалница, но не и најчувствителните  функции во клубот. Не се знае  кој ќе биде  новиот претседател и шеф на Стручниот штаб на Брегалница. Неофицијално,  раководството на Брегалница  упатило понуди на тројца штипски бизнисмени да се прифатат  да го водат клубот. Останува да се види кој од тројцата бизнисмени ќе даде позитивен одговор. Што се однесува за шеф на Стручниот штаб, веројатно него ќе го избере  новиот претседател.
Инаку, штипјани  имаат амбиции да ја засилат екипата, која во првата полуетапа  постигна одлични резултати, иако  тоа беше „нов тим“. Сега Брегалница се обидува да ги врати во старата средина сите  фудбалери кои порано  ги бранеа боите на клубот.
„На овој план нема недоразбирања . Наша желба е  да ги  вратиме сите фудбалери, кои можат да ни помогнат  да играме уште позначајна улога во Втората лига, но и  ако дојдеме до бараж да имаме силен тим, кој ќе може рамноправно да се носи со секој прволигаш. “-  вели членот на Бордот директори,  легендата на штипскиот фудбал, Никола Штериев.

МИОВСКИ НАЗАД ВО ШТИП!?

Не е тајна дека Брегалница е заинтересирана да ги врати во Штип Иван Митров, Лазе Илиев, Славче Велковски, Бобан Мариќ ... Се разговара и со  претседателот на Кит-го, Кире Гогов, да отстапи  некои фудбалери, а  од Работнички ќе се бара да го  „ позајми “ екс фудбалерот на  „сините“, Бојан Миовски.. Брегалница не се откажува  ни од ветераните Горан Здравков и Ристе Наумов., кои заедно во првата полуетапа постигнаа 17 голови.



Датум: 16.12.2017, 15:14
Статијата е прочитана 3807 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense