| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.07.2017

Дин Аломеровиќ со трансфер во Фуенлабрада

Левиот бек на „лавовите“ потпиша за клубот од Сегунда Б

Левиот бек на Македонија Ѓорче Петров, Дин Аломеровиќ, заминува во екипата на Фуенлабрада во Шпанија. Со тоа Аломеровиќ станува вториот македонски фудбалер што го носел дресот на овој шпански клуб, по Дориан Бабунски, кој мина во тимот една сезона откако замина од младинските категории на Реал Мадрид.
Првичниот договор на 20-годишниот фудбалер со клубот што настапува во втората група од Сегунда Б, третата по ранг лига во Шпанија е на една година. Аломеровиќ веќе е во клубот, а денеска треба да го има и првиот тренинг за новиот клуб.
„За мене ова претставува голем предизвик. Ќе видиме како ќе бие кога ќе почнам да тренирам и да настапувам за клубот, но ќе се трудам најмногу што можам за да се покажам во што подбро светло“ – вели Аломеровиќ.

 

 



Датум: 10.07.2017, 12:29
Статијата е прочитана 7144 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense