| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.07.2017

ЏАНИ СТАРТУВА ПРОТИВ ГЛАДБАХ

Езџјан Алиоски ќе го има своето деби во дресот на Лидс на денешниот пријателски меч против германскиот прволигаш Борусија Менхенгладбах


Езџјан Алиоски, денеска во 17 часот, на подготовките во Австрија, каде што се наоѓа со својот нов клуб Лидс, ќе го има дебито во белиот дрес на англискиот фудбалски гигант. Алиоски веќе неколку дена е на подготовки со Лидс, по големиот трансфер што го имаше од Лугано.
„Денеска ќе дебитирам за Лидс, и тоа против екипата на Борусија Менхенгладбах. Засега сѐ е прекрасно, не може да биде подобро. Се наоѓам во клуб кој е на највисоко професионално ниво. Не може подобро. Во моментов сум во Австрија. Еве, ќе започнеме со пријателските средби и се надевам на сѐ најдобро понатаму“, вели Алиоски за „Македонски спорт“.

ОСТВАРУВАЊЕ НА СИТЕ СОНИШТА

„И да сакав, не можев повеќе да посакам во моментов. Лидс е европски гигант, и по историјата, и по статусот и по организацијата. Клупскиот комплекс има десетина терени, врвни стандарди, како и англиските премиерлигаши. Импресиите сѐ уште ми се измешани, но наскоро ќе започнат вистинските предизвици, шампионатот и ќе мора, што се вели, да се покажам во најдобро можно светло“, додава Алиоски од Австрија.

МУАБЕТИ СО ЦИМЕРОТ ПОНТУС ЈАНСОН

„Засега добро се вклопувам во екипата. Имам целосна поддршка од сите. Сепак, најмногу време минувам со Швеѓанецот Понтус Јансон, кој има играно во Италија, во Торино и го знае италијанскиот јазик, па полесно комуницираме“, ги споделува првичните импресии од престојот во таборот на Лидс јунајтед, нашиот репрезентативец Езџјан Алиоски.

 


 



Датум: 20.07.2017, 11:43
Статијата е прочитана 788 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense