| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ


13.07.2017

Зампарини: Одбив 7 милиони за Несторовски

„На сите фудбалери им реков да се појават на тренинзите. Одбив многу понуди меѓу кои 15 и 7 милиони евра за Несторовски“, најави првиот човек на Палермо.

Илија Несторовски и Александар Трајковски тргнаа со подготовките со Палермо. Речиси сите играчи на клубот од Сицилија се појавија на тренинзите. За многумина има понуди но барем засега не е прифатена ниту една опција за продажба. Во кампот на клубот се појави и Маурицио Зампарини. Тој даде изјава околу моменталните случувања во клубот.
„На сите им реков да дојдат и да почнат со тренинзи. Имаме многу играчи кои играат за националните тимови на своите земји. Клубот за жал лани не обезбеди опстанок во Серија А и поради тоа сите сме несреќни“, изјави Зампарини.
Првиот човек на Палермо објасни и за понудите:
„Има понуди. Одбиени се 4 милиони евра за Балог. Но одбивме прво 15 па потоа и понуда од 7 милиони евра за Несторовски. Јас сакам сите да останат и до 15 бода предност пред ривалите да бидеме први во Серија Б. Наш лидер на теренот ни е Илија Несторовски“, откри во изјавата Зампарини.
Понудата од 15 милиони евра за Несторовски била од Кина а втората од 7 милиони е онаа од Фиорентина. Што со Несторовски и Трајковски!? Тоа уште не се знае. Преодниот рок трае до 31 август.



Датум: 13.07.2017, 14:17
Статијата е прочитана 2854 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense