| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.12.2017

Европската „бајка“ донесе пари, но „само“ два бода на УЕФА ранкингот

Успешната европска „бајка“ на „црвено-црните“ ги пласираше сезонава да бидат пред некои големи гиганти, но не го подобрија драстично својот коефициент

Вардар заврши со европската сезона. Европската „бајка“ во која што за прв пат наш тим беше пласиран во групната фаза од едно натпреварување, сепак, нема да го подобри драстично ракингот на „црвено-црните“. Тие со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа и вкупно со квалификациите и резултатите го подобрија својот ранкинг за само два бода, што значи дека идната сезона ќе бидат повторно аутсајдери во Лигата на шампионите, а би биле сигурно носители во квалификациите од Лигата на Европа.

Поминувањето на Малме донесе еден бод, и пласманот во групата уште еден, а со оглед на резултатите од групата, Вардарци не добија ниту еден бонус поен. Тоа значи дека во моментов Вардарци ќе имаат вкупно коефициент од 5.000, и плус еден бод со излезот во Европа, се очекува во идната европска сезона „црвено-црните“ да имаат коефициент од 6.000. Тоа веројатно, нема да ги направи носители во Лигата на шампионите, но затоа, пак, сигурно ќе бидат носители во Лигата на Европа.

Од друга страна, пак, пласманот во Лигата на Европа донесе финансиски бенефит на Вардарци. Тие со натпреварите и со натпреварите кои ги одиграа, со освениот бод и со продажбата од билети, треба да добијат некаде околу 4.7 милиони евра за овој успех во Европа.



Датум: 09.12.2017, 12:34
Статијата е прочитана 1552 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense