| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.04.2017

РИСТОВСКИ: Покажавме зошто сме конкуренти за титула

Стефан Ристовски и неговиот тим Риека се на пат да го направат она што во хрватскиот фудбал годиниве се замислуваше како невозможно.

Да го детронизираат Динамо Загреб и да ја освојат титулата. Имаат уште доста работа, бодовно се четири поени предност, а изминатото коло беше дербито токму помеѓу овие два тима. Заврши 1:1, а Ристовски ги сумира импресиите.
„Кога го постигнавме голот, ме зафати таква еуфорија, си реков дали е ова можно гледајќи ги преполните трибини и таа радост за нашиот клуб. Не сфатив во моментот дека има грчеви, болки. Дури потоа со лекарскиот тим сфативме дека нешто не е в ред“ - вели Ристовски околу евентуалната повреда на ногата.
„Мислам дека на ова дерби не освоивме бод туку загубивме два. Одигравме ’машки’. Динамо не е навикнат некој константно да му игра пресинг, да му дише во врат што се вели. Штета за неостварената победа, но ние навистина дадовме сè од себе на тој меч“ - додава Ристовски, а потоа се осврнува на битката за титулата.

ОДИМЕ ДО КРАЈ, НЕМА НАЗАД
„Свесни сме дека сега нема назад. Дека ќе одиме до крај. Има уште девет кола, и нема предавање. Во ова не сме сами, во оваа битка, за тоа што целата фудбалска јавност е свесна за тоа што можеме да направиме. Сите сме свесни како функционираат работите во ХНЛ, и дали може некаде Динамо да ’киксне’ до крајот на шампионатот. Сепак, сите видовте дека Риека е подобар тим во моментов и дека заслужува да дојде до титулата“ - завршува Ристовски.



Датум: 13.04.2017, 14:29
Статијата е прочитана 2292 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense