| контакт | маркетинг
КОШАРКА

02.01.2018

Кошарка се игра и во ракави

Реал Мадрид и Мега Бемакс на своите последни мечеви, настапија во дресови со ракави, нешто што не е карактеристично за кошарката

Играњето кошарка во дресови без ракави е стандард кој се применува со децении, но можеби тоа ќе биде сменето во иднина. Во повеќето лиги забрането е да се носи маица со ракави под дресовите, но има тимови кои играат со дресови во кратки ракави, а не со класични дресови без ракави. Се разбира, ракавите мора да бидат со иста боја како дресот.
Во саботата на 30 декември, српскиот тим Мега Бемакс кој гостуваше кај Морнар во АБА лигата, играше во бели дресови со ракави, а еден ден подоцна, во неделата рано попладне, и Реал Мадрид во градското дерби со Естудијантес, се појави со бели дресови и ракави.
Мега е позната по разните дизајни и невообичаени бои на дресовите, а Реал како најтрофеен европски клуб кој се грижи за имиџот и продажбата на дресови, истотака знае да биде иноватор во маркетиншкиот дел.
Дали овој тренд ќе го прифатат и други клубови, или пак ќе се смисли нешто ново во делот на опремата, а не е забрането со пропозициите, останува да се види.



Датум: 02.01.2018, 13:33
Статијата е прочитана 589 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense