| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.04.2017

Академија Пандев пред прволигашка промоција

Попладнево од 16 часот се играат сите мечеви од 22.коло во Втората лига. Во зависност од резултатите на средбите во Кавадарци и Турново, струмичани и денеска може да го официјализираат своето влегување во Првата лига за идната сезона

Со победа или пак само со бод, екипата на Академија Пандев би можела денеска да биде промиворина во нов член на Првата лига за идната сезона. Тоа да се случи ќе треба струмичани да го победат Тиквеш во Кавадарци а Новаци да не ги ги освои трите бода во Турново кај Хоризонт. Има и втора, резервна варијанта, имено А. Пандев да освои бод кај Тиквеш но новачани тогаш ќе мора да загубат од турновци. Ако една од овие две варијатни се оствари тогаш „академците“ денеска може да слават. Попладнево се играат и останатите четири средби од ова 22.коло.

ДВОЈКИ ЗА 22. КОЛО
ДЕНЕСКА, 16 ЧАСОТ
СКОПЈЕ: ЕУРОМИЛК – МЕТАЛУРГ
ТУРНОВО: ХОРИЗОНТ Т – НОВАЦИ
ТЕТОВО: ТЕТЕКС – СКОПЈЕ
КАВАДАРЦИ: ТИКВЕШ – А. ПАНДЕВ
ГЕВГЕЛИЈА: ВАРДАР (Н) – ВЛАЗЕРИМИ

*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“



Датум: 22.04.2017, 13:39
Статијата е прочитана 2292 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense