| контакт | маркетинг

10.11.2017

За 100. роденден Љуботен од ФИФА ќе добие 100.000 евра

Во 2019 година, кога ќе го слави 100. роденден, клубот од Тетово ќе добие и солидна парична донација

Да се прослават 100 години постоење не е мала работа за кој било клуб од Европа и од светот, а уште повеќе кога станува збор за тим од земја како што е Македонија. Сепак, овој јубилеј идната сезона ќе биде реалност за најстариот фудбалски клуб во Македонија, тетовски Љуботен. Оваа екипа, низ годините, се соочуваше со голем број предизвици, меѓу кои се и назадувањето во општинска лига, каде што се наоѓа во моментов, но ниту еден од проблемите со кои се соочуваше не беа причина таа да згасне.
А, дека славењето на стотиот роденден на Љуботен не е мала работа, покажува и одлуката на ФИФА да се вклучи во одбележувањето на овој убав јубилеј. Според информациите, Светската Куќа на фудбалот, всушност тоа е и нејзина пракса за сите клубови кои ќе го прослават стотиот роденден, ќе го почести Љуботен со 100.000 евра.



Датум: 10.11.2017, 15:38
Статијата е прочитана 6374 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense