| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.02.2017

Јаховиќ продолжува да „решета“ за Гезтепе

Македонскиот интернационалец го постигна 13. гол за Гезтепе, кој пак во последните минути од средбата против Баликеширспор не успеа да ја сочува мрежата и одигра само 1:1

Адис Јаховиќ го постигна 13. гол за Гезтепе во оваа сезона. Македонецот по доаѓањето од Крилја Совиетов во тимот од турската втора лига игра одлично и практично сам го носи кон најсилното натпреварување во оваа држава.
Тој, на денешниот меч против Баликеширспор погоди во 73. минута, но, неговите соиграчи од одбраната не успеаа да ја сочуваат мрежата. Така, гостите во последните секунди пред последниот свиреж ја затресоа мрежата и обезбедија резултат од 1:1.
Јаховиќ со денешниот гол е лидер на листата на стрелците во турската втора лига, додека, пак, Гезте е на втората позиција на табелата со 36 бодови.



Датум: 13.02.2017, 19:08
Статијата е прочитана 1096 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense