| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.07.2017


Николче Новески одби да игра за кинески тим

Олимпискиот состав од Кина кој ќе се натпреварува во регионалната лига на Германија испратил понуда за нашиот пензиониран стопер.

Олимписки тим на Кина се очекува да се натпреварува во Регионалната лига на Германија. Проектот на фудбалската федерација на Кина тргнува од оваа сезона а покрај фудбалери до 23 години од Кина во тимот се планирни и неколку мега ѕвезди. На списокот на фудбалери кои добиле понуда да играат за екипата од Кина се најде и нашиот Николче Новески.
„Не, нема да ја прифатам понудата. Моето заврши“, ни изјави Николче Новески по најавите дека има шанси да се активира и повторно да заигра во Германија.
„Јас сега сум фокусиран кон натпреварот на 2 септември кој го организира Мајнц во моја чест и кој за мене ќе биде проштален“, е коментарот на легендарниот стопер а Мајнц Николче Новески.
Еден од нашите најдобри дефанзивци на сите времиња пред неколку дена настапи на хуманитарен меч во чест на Михаил Шумахер.
„Тоа беше голем настан за голем човек со големи луѓе. Одличен спектакл...“, потенцира битолчанецот кој е фудбалер со најголем авторитет од сите наши играчи кои досега настапувале во Бундеслигата.



Датум: 10.07.2017, 19:22
Статијата е прочитана 2446 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense