| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.03.2017

Се градат соблекувалните под „Тумбе кафе“ (ФОТО)

Соблекувалните под стадионот „Тумбе Кафе“ наскоро ќе бидат готови. Интензивно се работи на стадионот во Битола на новите соблекувални кои како што може да се види од фотографиите се наоѓаат во подтрибинскиот простор на сега веќе единствената трибина на стадионот.

Проблемот со соблекувалните на Пелистер веќе станаа легендарни, но очигиледно дека тој наскоро ќе биде решен. Локалната самоуправа конечно се „смилува“ да поработи на овој проблем и да му овозможи на клубот да се врати дома, односно да почне да ги игра мечевите на сопствениот стадионот. Проблемот настана со рушењето на помалата трибина, пред извесно време, кога беше најавено целосно реконструирање на Тумбе кафе, но засега навивачите на битолскиот клуб ќе мора да се задоволат само со нови соблекувални.



Датум: 14.03.2017, 11:21
Статијата е прочитана 7722 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense