| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.01.2017

ПЕТРОВ: Во Пловдив сум како дома

По неколкугодишна пауза, на изненадување на многумина, Роберт Петров на 38 години повторно се активира и е дел од тимот на Локо Пловдив.

Своевремено Роберт Петров беше еден од двигателите на нештата во нашата фудбалска репрезентација. Легендарниот меч против Англија во Саутемптон и оние 2:2 е дел од репрезентативната биографија на Петров, кој имаше, а, на изненадување на многумина, сè уште има активна фудбалска кариера. Универзалецот на полни 38 години се реактивираше во својот поранешен, а еве и сегашен клуб Локомотив Пловдив како дополнување на уште еден наш успешен ветеран Ванчо Трајанов. Овие двајца за бугарската фудбалска јавност во моментов се една од топ темите како пример дека не се битни годините за да бидеш успешен во овој спорт. Едно старо непишано фудбалско правило гласи, „нема стар или млад фудбалер, има само квалитетен и неквалитетен“. Ова очигледно е движечката премиса во животот на Петров, кој професионално не заиграл фудбал од 2012 година кога се раздели со азербејџанскиот Азал. Оттогаш наваму беше дел од неколку бугарски нисколигаши, а последно беше и тренер на младинскиот состав  на Спартак Плевен.

ВО ПЛОВДИВ СУМ КАКО ДОМА
„Одлуката да се вратам активно во фудбалот ја донесовме некако колективно. Со Тренерот Ераносјан одлично се познаваме и приватно сме пријатели и ете едноставно одлучив да се вратам. Тука во клубот се чувствувам како дома, ова е мој клуб, тука имам доживеано прекрасни моменти“ - вели Роберт Петров околу околу неговата втора фудбалска пролет.

СЕ ВРАЌА ШАМПИОНСКАТА ГЕНЕРАЦИЈА
Она што е интересно да се напомене е дека во моментов во Локо Пловдив има неколку кои беа дел од шампионската генерација 2003/04 година кога е освоен и  единствениот национален трофеј.
„Со тренерот Ераносјан и тогаш бевме заедно. Покрај нас двајца, во клубот се и Ванчо Трајанов, Мартин Камбуров, Кирил Котев, како и помошникот тренер Александар Тунчев. На кратко што се вели, се собра дел од шампионската генерација на клубот“ - додава Петров.



Датум: 17.01.2017, 13:56
Статијата е прочитана 2767 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense