| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.10.2017

„Бомба“ од Турција: Трабзонспор го сака Ангеловски!

Турскиот тим беше елиминиран пред две години токму од Ангеловски кој што тогаш го водеше тимот на Работнички

Трабзонспор го посакува селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски за прв тренер на екипата. Турскиот тим ќе почне преговори со Ангеловски за негов ангажман на клупата, и покрај тоа што тој има договор со фудбалската федерација на Македонија.

Ангеловски го елиминираше Трабзонспор во Лигата на Европа пред две години кога со Работнички тогаш мина во следната фаза од ова натпреварување. Оваа информација ја пренесува турскиот „Фудбал Арена“.

Останува да видиме како ќе завршат овие преговори и дали Ангеловски ќе се реши да го превземе турскиот клуб, или ќе остане на селекторската функција.



Датум: 15.10.2017, 23:09
Статијата е прочитана 3340 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense