| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.01.2017

Екс играч на Брегалница во нападот на Партизан

Поради повредите на повеќемина стартери за тимот на белградски Партизан, „црно – белите“ се принудени од својата филијала Телеоптик да го ангажираат ветеранот, 33. годишниот Владимир Ѓилас.

Она што е интересно за нас е фактот што тој своевремено играше во тимот на Брегалница и тоа со голем успех. Напаѓачот во Штип престојуваше од 2003 до 2006 година , одигра 64 меча и постигна 24 гола. Беше миленик на публиката во овој град, а потоа беше посакуван од најдобрите екипи кај нас. Замина во Бугарија настапуваше за Локомотив Софија, а потоа направи и карера и во екипите на Ордабаси, Егротелис и мн. други. 



Датум: 22.01.2017, 13:49
Статијата е прочитана 4122 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense