| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.12.2017

УЕФА преку ФФМ ќе го помага младинскиот фудбал

Сумата е некаде околу 400.000 евра, а на денешниот состанок на клубовите со челниците на Федерацијата беше разговарано за тоа на кој начин ќе се распределат средствата од „Солидарниот фонд“

УЕФА преку Фудбалската Федерација на Македонија, со пристојна сума на пари ќе помага во развојот на младинскиот фудбал во нашата земја. Имено од „Солидарниот фонд“, сума која е некаде околу 400.000 евра, средствата ќе се распределуваат низ клубовите, прволигашките и второлигашките кои ги задоволуваат основните критериуми. И тоа ќе биде во опрема, разни помагала за тренинзи во младинските екипи на клубовите но и ќе се плаќа превозот. Во таа насока денеска претставниците на клубовите, отсуствуваа само од Победа и Пелистер, имаа состанок со челниците на ФФМ, со претседателот Илчо Ѓорѓиоски и генералниот секретар Филип Поповски. На тој состанок беше разговарано за тоа на кој начин ќе се распределуваат средставата или опремата која е донирана од УЕФА.


 



Датум: 25.12.2017, 15:13
Статијата е прочитана 1297 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense