| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.06.2017


Цикарски продолжува во Интер Запрешиќ

Левиот бек се сели во Хрватска

Сегашниот лев бек на Етникос Ахна, Мите Цикарски, е на добар пат да ја продолжи кариерата во Хрватска, во тимот на Интер Запрешиќ. Цикарски летово би можел да се пресели во прволигашот во кој во минатото настапуваа Илија Несторовски, Александар Трајковски, Горан Тодорчев, Горан Ганчев, Зоран Даноски, Марјан Алтипармаковски и многу други македонски играчи.
Токму тоа што во минатото имало многу наши фудбалери, е причината поради која може да се оствари овој трансфер, со оглед дека во моментов во тимот од Запрешиќ нема ниту еден наш фудбалер.
Цикарски во минатото беше дел од школата на Партизан Белград, потоа дојде во Вардар, па играше за Работнички пред да замине во Етникос. Додека беше во Вардар, мина и неколку тренинзи со германски Кајзерслаутерн.



Датум: 15.06.2017, 10:46
Статијата е прочитана 1564 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense