| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.01.2018

Селта го потврди трансферот на Аломеровиќ (ФОТО)

Младиот фудбалер пред неколку дена го стави потписот на договорот со тимот од Виго, како потврда на она што го најави „Македонски спорт“

„Македонски спорт“ пред десетина дена излезе со информација дека Дин Аломеровиќ ќе стане дел од Селта Виго. Пред неколку дена стигна официјалната потврда на официјалната веб страница на екипата, каде што пишува дека Аломеровиќ ќе биде засилување на Б екипата на Селта. Меѓутоа доколку се докаже, ќе добие шанса и во првиот тим.

„Селта Б се засили со младиот 20-годишен Македонец Дин Аломеровиќ кој што настапува како лев бек. Тој има настапи за селекциите на Македонија до 17, 19 и 20 години“, стои на официјалниот сајт на екипата.

Аломеровиќ во првите шест месеци од сезоната настапуваше за шпанскиот третолигаш Фуанлебрада.



Датум: 02.01.2018, 16:48
Статијата е прочитана 3066 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense