| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.03.2017

Ангеловски: Македонија доволно се има „испечено“ на селекции како Лихтенштајн

„Не бегаме од фаворитската улога, но, нема да ги потцениме бидејќи Македонија доволно се има ’испечено’ во дуели со вакви селекции“ се зборовите на селекторот Ангеловски

Селекторот Игор Ангеловски предмалку го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациаски меч за СП против Лихтенштајн. Без поголеми изненадувања, на истиот се најде Музафер Ејупи, кој е повратник во репрезентацијата, додека, пак, немаше место за Леонард Жута, кој според селекторот не бил во вистинска форма.

„Жал ми е што поради повреда отпаднаа Спировски и Алиоски. Она што го најавив дека играчите од младата селекција ќе бидат вклучувани кога може, го остваруваме. Верувам во овие повикани играчи дека ќе влеземе максимално и конечно после добрите игри ќе освојуваме бодови. Не бегаме од фаворитската улога но нема да ги потцениме бидејќи Македонија се има ’испечено’ во дуели со вакви селекции. Верувам дека добро ќе се подготвиме и се надевам дека тоа на крај ќе биде со три бодови. Жута е изоставен бидејќи не сум задоволен од неговите настапи на минатите средби“ изјави селекторот и продолжи.

„Планирам да ја променам формацијата, немаме потреба да играме со 3-5-2, на мечот со Лихтенштајн ќе одиме поофанзивно. Ејупи е прв стрелец во хрватската лига и заслужи да биде повикан. Пред секој натпревар ги подготвувам фудбалерите да одиграат подобро и така ќе биде и сега. Влегуваме со цел да се победи противникот“ се зборовите на предводникот.

Квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за Светското првенство, нашата селекција го игра на 24. овој месец и тоа на гостински терен.



Датум: 13.03.2017, 12:28
Статијата е прочитана 625 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense