| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.03.2017

ФОТО: „Тепачка“ за да се гледаат младите

Стадионот покрај ФФМ е претесен да ги прими сите љубители на фудбалот кои што попладнево сакаа да ги гледаат репрезентативците до 21 година

Младата репрезентација на Македонија е хитот на фудбалот во нашата земја. Тоа го покажува и оваа фотографија од попладневниот меч со Бугарија кој што се игра на ТЦ „Петар Милошевски“ во Скопје. Трибината беше претесна да ги прими сите љубители за фудбалот, па имаше „тепачка“ за место на трибините. Неколку стотина гледачи не можеа да влезат на стадионот, па се снаоѓаа и седејќи на бетон минаа гледајќи ги младите надежи.

Ова е доказ дека токму младата репрезентација ги враќа гледачите на трибините. Со оглед на интересот, еден апел. Дајте им поголем стадион да ги играат своите натпревари. Очигледно дека овој е претесен за нивниот интерес.



Датум: 28.03.2017, 15:17
Статијата е прочитана 5464 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense