| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.03.2017

Колевски за среќа, мина само со оток

Фудбалерот на нашата репрезентација до 18 години се повреди при еден дуел на денешниот меч и мораше да го напушти теренот. За среќа прегледите покажаа дека не се работи за ништо сериозно

Повредата на Бојан Колевски за среќа се испостави дека не е сериозна. Фудбалерот на нашата селекција до 18 години на денешниот меч против Црна Гора се повреди по еден неспортски старт на противникот и мораше предвремено да го напушти теренот. Иако првичните стравувања беа дека тој има оштетување на лигаментите, прегледите покажаа добри резултати. Се работи само за оток кој не би требало долго да го оддалечи од терените.

Тој во 9. минута воедно и беше единствен стрелец на овој дуел, кој Македонија го доби со минимален резултат.



Датум: 07.03.2017, 18:06
Статијата е прочитана 1290 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense