| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.10.2017

Јаневски: Им се извинувам на навивачите!

 


*„Јас го составувам тимот и затоа моја е вината. Ова е тежок пораз за нас како клуб, како тим, како стручен штаб“ истакна на пресот стратегот на Вардар Чеде Јаневски

Не треба да се говори какво беше расположението кај Јаневски на пресот по тие 0:6 од Реал Сосиедад.
„Им се извинувам на навивачите. Јас го составувам тимот и затоа моја е вината. Ова е тежок пораз за нас како клуб, како тим, како стручен штаб.Поведоа од првата наша грешка. Потоа можевме да израмниме, но не се случи тоа, а потоа противникот се разигра. Реал Сосиедад е подобар тим. Ни останува во следните два дена психолошки да се вратиме и да се фокусираме на мечевите од првенството. Не верувам дека постои играч да нема желба да игра вакви натпревари. Секој би сакал да одигра што е можно подобро. Во првенството играме во прва и втора брзина, а тука, во Лигата на Европа треба да се игра во шеста и седма брзина“ истакна Јаневски. 

 



Датум: 19.10.2017, 21:43
Статијата е прочитана 1376 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense