| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.10.2017

Штипска брана за Беласица

*Во дербито на истокот, вечерва во Струмица, Беласица и Брегалница одиграа без победник (1:1)

Во големото дерби на истокот, пред околу 1.500 гледачи, Беласица и Брегалница, водечките екипи во Втората Лига – Исток, одиграа 1:1. Освоија по бод па така и натаму на табелата останува разлика од два бода во корист на струмичките „сини“. Вечерва на стадионот „Младост“ домашните поведоа со голот на Даниел Радојчиќ во 28.минута, штипските „сини“ пак израмнија со голот на Ристе Темелков во 56.минута. Инаку ова беше последниот натпревар од денешното 8.коло од оваа конкуренција.



Датум: 14.10.2017, 21:26
Статијата е прочитана 1513 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense