| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.07.2017

Сопи: Малме ќе си има проблеми со Вардар

„Малме е квалитетен тим, но не е непобедлив. Има свои мани, Вардар треба да ги искористи. Младинските репрезентативци се подобри од играчите на Малме“, вели Агим Сопи директно од Шведска, кој е дел од стручниот штаб на нашата млада репрезентација

Агим Сопи, кој долги години работи во Шведска, во моментов како дел од екипата на Ландскрона има свое мислење за тоа што може да направи Вардар. Нервозен поради ремито изминатава недела на својот тим, но секогаш расположен за фудбалски теми. А главната, секако, која во моментов ги поврзува Шведска и Македонија е дуелот помеѓу Малме и Вардар, кој се игра в среда и е дел од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
„Малме е квалитетен, добар, силен тим. Не може да се каже поинаку за екипа која два пати играше во  групната фаза од Лигата на шампионите, а и секое лето има токму такви амбиции. Секогаш цели кон врвот, што е добро. Нормално, како и секоја екипа, има свои мани и предности, и Вардар треба да ги искористи. Мислам дека Малме ќе си проблеми со шампионот на Македонија“ вели покрај другото помошникот на Милевски во нашата млада репрезентација во пресрет на утрешниот дуел во Малме.
 

 



Датум: 11.07.2017, 15:52
Статијата е прочитана 4108 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense