| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.02.2017

Ѓорѓиоски добива нов мандат

Не се очекува големо изненадување на денешното Собрание. Ѓорѓиоски уште најмалку четири години ќе ја води Фудбалската федерација

Сегашниот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, денеска го продолжува својот мандат како прв човек на куќата на фудбалот со денешното изборно Собрание кое што ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“. Токму сегашниот претседател е единствен кандидат и не се очекуваат некои поголеми потреси на Собранието со оглед на фактот дека тој е единствениот кандидат за прв човек на ФФМ откако претходно беше одбиена кандидатурата на „опозицијата“, односно на некогашниот селектор Мирсад Јонуз. За, Јонуз, пак, кандидатурата не е спорна, но за деталите подоле во овој текст.

ЌЕ ГЛАСААТ 95 ДЕЛЕГАТИ
Како подготовка на ова Собрание, изминатите два месеци беа оддржани Собранија и во сите општински фудбалски сојузи во Македонија од каде што беа избрани делегати коишто ќе учествуваат на денешниот избор во „Александар Палас“. Ќе гласаат вкупно 95 делегати од сите општински фудбалски сојузи кои што ќе му дадат нова доверба на Илчо Ѓорѓиоски да ја води Федерацијата, без некои поголеми потреси.

„ТРЕТ“ МАНДАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
Ова ќе биде практично третиот мандат на Ѓорѓиоски како претседател на Федерацијата. Првиот пат кога дојде на местото на Харалампие Хаџи-Ристески на местото прв човек, и остана на функцијата една година. Потоа на новото Собрание на ФФМ беше ре-избран за претседател односно му беше доделен мандат на четири години. Сето тоа се случуваше во 2013 година во јуни, и сега дојде на ред ново изборно Собрание коешто се одржува нешто порано, поради одржувањето на Супер-купот во текот на идното лето во Скопје.

ОФС Тетово го оспорува Собранието
Денешното Собрание на ФФМ е оспорувано од страна на Општинскиот фудбалски сојуз во Тетово кое што на неговото Собрание го кандидираше Мирсад Јонуз за претседател. Сепак, кандидатурата на Јонуз беше експресно одбиена од страна на ФФМ и така Ѓорѓиоски остана единствен кандидат. На Јонуз не му е јасно зошто е одбиена кандидатурата сметајќи дека таа е статутарна и според сите прописи. Но, така не мислеа од Федерацијата којашто најде нерегуларности, а кандидатот за претседател Јонуз на прес-конференција објасни за сите неправилности. 

 



Датум: 18.02.2017, 08:40
Статијата е прочитана 2863 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense