| контакт | маркетинг
КОШАРКА

03.01.2018

Давитков се врати во Кадсија

Селекторот на македонската репрезентација после седум години се враќа во кувајтскиот клуб

Новата година почна добро за нашиот селектор. Јорданчо Давитков потпиша договор со кувајтскиот клуб Ал Кадсија, што за селекторот на македонскиот национален тим претставува враќање во добро позната средина, бидејќи таму во 2008 година ја започна арапската авантура. Давитков седеше на клупата на Кадсија во периодот од 2008 до 2011 година. Во тие три сезони, Давитков освои дури пет трофеи. Трипати беше првак на Кувајт, освои еден куп на таа земја, а освои еден пехар и за победата во клупското првенство на екипи од земјите на арапскиот залив.
„Нова година, старо-нов клуб. Се надевам дека повторно ќе освојуваме трофеи како порано“ - напиша Давитков на својот профил на „Фејсбук“.



Датум: 03.01.2018, 10:18
Статијата е прочитана 395 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense