| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.01.2018

Работнички се засили со Игор Крмар

*Нов десен бек во Дебар Маало. Србинот веќе е во Скопје, тренира со тимот и чека промоција.

„Романтичарите“ се во офанзива на фудбалскиот пазара. Вчера раководството на клубот од Градски парк успеа да ги договори услугите на Игор Крмар од Србија и Гезим Красниќи. И двајцата почнаа со тренинзи, но откако и официјално ќе потпишат ќе следува нивна промоција.
Игор Крмар (26) доаѓа од Слобода Ужице, од Србија. Инаку е роден во Винковци (Р. Хрватска) а во својата кариера има играно за екипите на Раднички, Славија, Смедерево, Бохемијанс (Чешка), Борча, Мачва, Бежанија и Слобода Ужице од каде и дојде во Градски парк. Секако дека со него допрва следуваат прецизирање на деталите, а потоа ќе може да се каже дека  и официјално ќе биде нов „романтичар“.

 



Датум: 15.01.2018, 10:44
Статијата е прочитана 1274 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense