| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.09.2017

ИМАМЕ ПОДОБАР: Албанија дома не ни може ништо

Репрезентацијата на Албанија е една од селекциите со кои, статистички гледано, сме имале добар успех на меѓусебните натпревари.

Досега имаме одиграно вкупно девет средби против Албанците и на нив имаме позитивен скор од четири победи, три ремија и само два пораза. Двата неуспеха ги доживеавме на гостински терен, и тоа во вториот меѓусебен дуел одигран на 10 февруари 1999 година, како и во рамките на овие квалификации, кога загубивме дури по доигрувањето на последните неколку минути откако првично дуелот беше прекинат поради лошото време.
Сепак, иако целокупната статистика во меѓусебните дуели е на наша страна, Албанците се нешто подобри во последно време, односно немаат пораз на последните три меѓусебни средби, триумфот во квалификациите и двете ремија во пријателски дуели, кои завршија без голови.
ВАРДАР ПОДОБАР ОД ЕЛБАСАН
Што се однесува на клупско ниво, македонска и албанска екипа играле меѓу себе во европските купови само во една пригода. Во сезоната 2005-2006, во првото коло од квалификациите за Европа лигата, Вардар го мина Елбасан, иако двете средби завршија без победник. Сепак, голот постигнат на гости за реми од 1:1 му беше доволен на Вардар со оглед на тоа што дуелот во Скопје заврши без голови.


РЕЗУЛТАТИ
АЛБАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:1
МАКЕДОНИЈА – АЛБАНИЈА 0:0
АЛБАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:0
АЛБАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:1
МАКЕДОНИЈА – АЛБАНИЈА 3:1
АЛБАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:0
МАКЕДОНИЈА – АЛБАНИЈА 1:0
АЛБАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:0
МАКЕДОНИЈА – АЛБАНИЈА 5:1
ВКУПНО: 9 4 3 2 11:6



Датум: 05.09.2017, 12:13
Статијата е прочитана 2006 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense