| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.04.2017

Јаневски: Завршив со Беверен!

„Не се гледам себе си во овој клуб во наредната сезона, пред малку имав разговор со челниците на клубот и им реков дека посакувам нови предизвици. Секако дека до крајот на сезоната ќе го предводам тимот“изјави за „Македонски спорт“ нашиот стратег Чеде Јаневски

Чедомир Јаневски и официјално следната сезона нема да седи на клупата на Беверен. Најавите дека ќе си оди од клубот денеска се остварија, и тоа по попладневниот состанок на нашиот стратег со првите луѓе на прволигашот од Белгија.
„Завршив со Беверен. Не се гледам себе си во во овој клуб во наредната сезона. И дефинитивно откако ќе ми заврши договорот, кој трае до 30 јуни, ќе си одам од клубот. Пред малку имав состанок со раководството на клубот и им соопштив дека немам намера и следната сезона да седам на клупата на Беверен. Јас им ги кажав своите размислувања и планови, тие тоа го сторија од нивна страна и видовме дека не ни се поклопуваат идеите за тоа како треба да изгледа Беверен во иднина. Пред мене се нови предизвици. Секако дека до крајот на сезоната ќе го водам тимот како вистински професионалец“ изјави за „Македонски спорт“ Чедомир Јаневски.

 



Датум: 26.04.2017, 19:37
Статијата е прочитана 1614 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense