| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.01.2017

Асани го одбра Шкупи

Откако пред неполн месец јавно откри дека сака да игра за тимот од Чаир, офанзивецот оди шест месеци на позајмица

Желбата на Јасир Асани се исполни. Откако пред неполн месец фудбалерот јавно откри дека сака да игра за тимот од Чаир, падна и договор со Шкупи. Играчот за врска не отпатува со Вардар на подготовки во Анталија, и остана во Скопје, каде во следните шест месеци ќе настапува како позајмен играч за Шкупи.

„Имав голема желба да играм за Шкупи, која сега ми се исполни. Имав понуди од многу клубови, но парите не можат да ја купат љубовта за клубот. Се радувам што ќе го носам бројот 11, со кој ќе постигнам многу голови и ќе имам квалитетни настапи за клубот и ќе ја радувам верната публика“, изјави Асани на промоцијата.



Датум: 26.01.2017, 11:45
Статијата е прочитана 4879 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense