| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.06.2017

Поповски: Посакуваме ривал од Андора или Сан Марино

Во пресрет на утрешната ждрепка во Нион за првите две кола од квалификациите за ЛЕ, спортскиот директор на „романтичарите“ Иван Поповски не ја криеше својата желба

Работнички не ги крие своите желби во пресрет на утрешната ждрепка во Нион за првите две кола во квалификациите од ЛЕ. Со оглед на тоа дека нашиот најуспешен клуб во Европа е носител, има шанса утре во 13 часот да добие полесен ривал.
„Јас лично но и сите ние во Работнички сакаме на стартот да добиеме ривал кој може да се мине. Има таму екипи кои може да ни направат многу проблеми, но има и екипи со кои би требало да го минеме тоа стартно коло. Не би имал ништо против да ни се падне ривал од Андора или Сан Марино“ ни изјави Иван Поповски, спортскиот директор на Работнички.

 



Датум: 18.06.2017, 14:24
Статијата е прочитана 3227 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense