| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.04.2017

Футсалците убедливи поразени од Казахстан (0:3)

Во првиот меч во „Ф“ квалификациската група за ЕП, Футсал селекцијата на Македонија денеска во Алма Ата беше поразена со 0:3 од силната домашна репрезентација

Убедлив но очекуван пораз од 0:3 на стартот на квалификациите за ЕП за нашата Футсал репрезентација од домашниот и силен тим на Казахстан. Денешниот меч кој се одигра во рамките на „Ф“ групата во Арената во Алма Ата, во целост му припадна на победничката репрезентација. Казахстан во 12.минута поведе со голот на Жаманкулов, шест минути подоцна истиот играч зголеми на 2:0. Во вториот дел исто ката Казахстан беше подобар и адекватно на тоа постигна уште еден гол за 3:0 во 32.минута преку Акбаликов. Утре нашата Футсал селекција се среќава со Чешка која денеска славеше над Данска со 5:4.

Резултати-1.коло (денеска)
Казахстан – Македонија 3:0
Чешка – Данска 5:4
ТАБЕЛА: 1. Казахстан 3 бодови, 2. Чешка 3, 3. Данска 0, 4. Македонија 0
Идно-2 коло (недела)
Македонија – Чешка (11:30 Ч)
Казахстан – Данска (14:00 Ч)



Датум: 08.04.2017, 16:01
Статијата е прочитана 702 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense