| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.07.2017

Чаволи потпиша за Фљамуртари Приштина

Младиот напаѓач се сели на Косово и ја стартува својата интернационална кариера

Андриан Чаволи ја стартуваше својата интернационална кариера. Потпиша едногодишен договор со екипата на Фљамуртари од Приштина и со тоа за прв пат заминува од македонскиот шампионат.
„Мислам дека е време да пробам и надвор од нашето првенство. Мислам дека не погрешив со изборот на клубот, има добри услови за напредок на еден млад играч. Се надевам дека со моите игри ќе ја оправдам довербата која ми е дадена и ќе напредувам во мојата кариера„ - изјави Чаволи за Македонски спорт по промоцијата на Косово.
Тој минатата сезона беше еден од најдобрите стрелци во второлигашката конкуренција во дресот на Еуромилк, а во минатото настапуваше и за Металург и за Тетекс



Датум: 12.07.2017, 10:43
Статијата е прочитана 3949 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense