| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.08.2017

ДИМИТРИЕВСКИ: Само добра одбрана и посигурна реализација ќе ни донесе победа

Голманот на Гимнастик, Столе Димитриевски најавува дека, македонската репрезентација во Израел има само една цел – да дојде до трите бода.

Од Хаифа,
Игор Д. Ивановски

Македонската репрезентација веќе во Хаифа, каде в сабота ќе ги одмери силите со Израел во рамките на квалификациите за СП во Русија. Нашите фудбалери ветуваат многу подобра игра, но и победа.
Голманот на Гимнастик верува дека добрата одбрана, а потоа посигурната реализација ќе им ги донесе посакуваните три бода.
„Атмосферата е одлична. Овие неколку дена добро се подготвуваме, добро знаеме што значи мечот против Израел за нас. Ќе излеземе да го дадеме маскимумот, сакаме да си одиме со победа. 
Најпрво мора добро се одбраниме, а потоа во нападот да бидеме посигурни во реализацијата.
За репрезентацијата секогаш го давам максимумот, се трудам во клубот да бидам уште подобар за да можам настапам најдобро во националниот тим“, изјави Столе Димитриевски.



Датум: 31.08.2017, 19:50
Статијата е прочитана 914 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense