| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.07.2017

СОЛБАКЕН СЕ „ТРЕСЕ“ ОД ФЕЛИПЕ

 

„Вардар е многу сериозен ривал. Многу јак тим со играч како Хуан Фелипе кој е водач на тимот... Добро е што првиот меч го играме во Скопје“, најави тренерот на ФЦ Копенхаген


Данскиот првак ФЦ Копенхаген во вторник гостува во Скопје каде од 20 часот ќе се судри со нашиот Вардар во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Гостите со голема доза на претпазливост влегуваат во оваа пресметка со оглед на тоа дека „црвено-црните“ го исфрлија во аут нивните соседи од Малме.
„Вардар е многу сериозен ривал“, напоменува Стале Солбакен тренерот а Копенхаген по анализата на играта на првакот на Македонија.
„Имаат неколку добри играчи а Хуан Фелипе е водач на тимот. Бразилецот е екстра фудбалер. Но не е само тој. Го гледав дуелот со Малме и можам да кажам дека заслужено Вардар е наш ривал. Во првиот дел Малме беше подобар но во второто полувреме Вардар имаше 6:0 во шанси и даде три гола. Немој да мислите дека се наивни. Го мина Малме а претходно имаа тесни дуели со АПОЕЛ и Динамо Загреб. За да го минеме Вардар треба да одиграме на максимално ниво. Добро е што првиот натпревар е во Скопје а реваншот пред нашите навивачи“, е изјавата на Солбакен кој ја мина Жилина во минатата фаза но со многу проблеми и пораз на домашен терен.

 



Датум: 21.07.2017, 10:19
Статијата е прочитана 2631 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense