| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.03.2017

БОМБА ОД ЛИСАБОН: Спортинг го купува Ристовски!

Утрово весникот „Бола“ го најави трансферот на десниот бек од Македонија во таборот на познатиот клуб од Португалија.

Стефан Ристовски за сума од 2,5 милиони евра летово треба да направи трансфер во тимот на Спортинг од Лисабон. Тоа е веста број еден за мак-фудбалот а која ја пренесе португалскиот весник „Бола“. Според најавите „зелено-белите“ веќе го скаутирале Стефан Ристовски кој со успех ги брани боите на Риека од Хрватска. Директен налог за скенирање на нашиот репрезентативец дал тренерот Жорге Жесус кој уште во август ја имал понудата за Ристовски.
Сепак ситуацијата во Спортинг е премногу комплицирана во овие месеци со оглед на тоа дека клубот има ново раководство и сеуште не се знае дали тренерот Жесус ќе остане на клупата на познатиот клуб од Лисабон.
Португалците најавуваат дека Спортинг се бори за потписот на Ристовски со екипата на Олимпијакос од Атина. Во Лисабон пред неколку недели замина Димитар Митровски, нашиот најголем млад талент во моментов.



Датум: 20.03.2017, 10:36
Статијата е прочитана 5938 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense