| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.06.2017

Баже се враќа дома, во Работнички

Големи се шансите најдобриот стрелец во историјата на Првата лига да се врати во Градски Парк. Денеска Работнички го продолжи договорот со голманот Божиновски на уште една година

Откако по само шест месеци престој во Пелистер си замина од Битола, Баже Илијоски, како што велат нашите информации, би можел да се врати во својот матичен клуб. На Работнички, по заминувањето на Ивановски и Вуковиќ, му е потребен голгетер, Илијоски е слободен и нема причина овој трансфер да не се реализира. Интерес има од двете страни, завршните преговори допрва следуваат и може да се очекува за ден – два неговото враќање да биде официјализирано.

Божиновски уште една година „романтичар“

Инаку денеска Работнички го продолжи договорот со својот голман Даниел Божиновски. Тој најмалку уште една година ќе ја чува мрежата на тимот на стратегот Виктор Треневски.



Датум: 10.06.2017, 13:25
Статијата е прочитана 3709 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense