| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.01.2017

Пелистер стигна во Аланија (ФОТО)

Битолските „зелени“ утре почнуваат со работа во Турција

Екипата на Пелистер на пролет ќе се бори за врвот на табелата, за излез во фудбалска Европа, дури има и шанси за титула, а и ќе биде во битка за освојување на Купот на Македонија. Токму за таа цел за да направи квалитетни подготовки, битолскиот тим од денеска се пресели во Аланија каде што во следните десетина дена ќе се подготвува за пролетниот дел од првенството.

Пелистерци веќе се сместија во хотелот „Голд Сити“ во Аланија, а од утре почнуваат со работа. Утрината е предвиден тренинг, а попладне и првиот „тест“ натпревар против бугарскиот тим Монтана.




Датум: 28.01.2017, 20:50
Статијата е прочитана 3993 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense